Дали во современата македонска книжевност владее едноумие и дали е присутна демократска мимикрија, за кризата на критичките толкувања и како се доделуваат книжевените награди – ова се дел од темите на престојната прва трибина од серијата „Книжвни разговори“, на која се очекува да говорат Венко Андоновски и Жарко Кујунџиски, како воведничари, а учеството го потврдиле Веле Смилески, Луан Старова, Блаже Миневски, Митко Маџунков, Тодор Чаловски, Бранко Цветкоски, Оливера Николова, Наташа Аврамовска, Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Михаил Ренџов, Кристина Николовска, Лорета Георгиевска, Иван Џепароски, Славе Ѓорго Димоски и Виолета Танчева-Златева, трибината ќе ја води Братислав Ташковски.
Дебатата е закажана за во 11 часот, во вторник, во просториите на скопската градска библиотека „Браќа Миладинови“, во Скопје.