Во Белград денеска по 15. пат се одржа масовна венчавка – „Свадба за мечтаење“, на која во брак стапија рекорден број на двојки, 222 на број.
Манифестацијата традиционално се одржува под покровителство на Собранието на градот Белград, а на младенците среќа им посака и градоначалникот на Белград Драган Ѓилас.
Двојки од сите краеви на Србија и од САД, Канада, Австрија и поранешните југословенски републики, се одлучија да го кажат судбинското „да“ пред Стариот дворец во центарот на Белград.