Неименуван претставник на ОН за Сирија денеска изјави дека евакуацијата од сирискиот град Алепо продолжува и денеска и дека во тек е извлекувањето на околу 3.000 преостанати бунтовници и цивили.
-Евакуацијата е во тек, посматрачите се на самото место. Околу 300 приватни возила го напуштија градот во текот на ноќта и утринава, изјави претставникот за Ројтерс.
Стотици бунтовници и цивили меѓу кои и мали деца завиткани во ќебиња со автобуси се евакуирани од разорениот град среде снежна бура.
Околу 25 автобуси во текот на ноќта ги пренеле цивилите во областите под контрола на опозицијата во околината на Алепо, соопти опозицискиот активист Ахмад Примо.
Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад вчера беа на прагот целосно да го заземат Алепо, но претставниците на ОН и на сириските бунтовници негираа дека операцијата на евакуација е завршена.
Евакуацијата започна минатата недела откако сириската опозиција се согласи да ги предаде своите последни упоришта во источниот дел на градот, а од тогаш според ОН, 25.000 борци и цивили со автобуси се извлечени од градот.




