Published: Thursday, December 22, 2016 09:52
Најмалку две лица се повредени во експлозија во подвозник во близина на метро станица во јужниот дел на Москва, јави агенцијата Тасс повикувајќи се на извори во службата за вонредни ситуации.
Според овие извори, едно од повредените лица е во тешка состојба.
Полицијата забранила пристап до местото на експлозијата, а влезот во метро станицата е затворен.




