Српската полиција синоќа во Белград демонтираше бомба, поставена под автомобил „Голф 5“ , на околу 200 метри од зградата во која живеат претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и министерот за финансии и економија, Млаѓан Динкиќ, соопштуваат српските медиуми.
Полицијата била повикана од сопственикот на автомобилот, кој седел во кафиќот во соседството – тој забележал жици под возилото и веднаш ја повикал полицијата, која утврдила дека е поставена бомба.
На местото биле испратени деминери, ја демонтирале експлозивната направа.
Медиумите соопштуваат дека сопственикот на автомобилот и е добро познат на полицијата и дека е осуден за трговија со наркотици и други кривични дела.