На југот на Албанија се шири маларија, од која се заболени 15 лица. До општините во Албанија веќе се доставени препораки со последните податоци во врска со опасните инсекти кои цирулираат, при што како најпроблематичен е посочен „анопфелисот“ кој ја пренесува маларијата.
Заболените 15 луѓе од маларија се идентификувани откако претходно престојувале во Грција, Екваторијална Гвинеја и Камерун. Оваа болест во Албанија се јавува после половина век од последните случаи.