Published: Saturday, December 24, 2016 10:06
Претставници од градските власти на Дамаск соопштија дека се приморани да ги намалат испораките на вода за сирискиот главен град бидејќи бунтовниците ја загадиле водата со дизел горивo од изворот Ал – Фиџа од каде што се снабдува градот.
Изворот е лоциран во долината Ваби-Ларада, блиску до граниицата со Либан, а во рамки на територија која е под контрола на бунтовниците.
Додека проблемот не се реши, ќе се користат резерви на вода за жителите на Дамаск, најавија градските власти.
Струјата и водата се користатат буквално како оружје од страна на бунтовниците во Сирија, па така цивилното население трпи постојани рестрикции. Досега повеќе од половината инфраструктура за снабдување со струја и вода се оштетени.




