Сојузниот јавен обвинител Петер Франк соопшти дека сега би морало итно да се разјасни, дали 24-годишниот Тунежанец имал помошници при подготвувањето и извршувањето на нападот врз божикниот панаѓур во Берлин како и мрежа на поддржувачи при бегството од Германија. Истотака истражителите сакаат да стекнат подетални сознанија за тоа по кој пат успеал да побегне Амри: „ Иако осомничениот атентатор е мртов, постапката за разјаснување на злосторството од страна на правната држава не завршува“, истакна германскиот министер за правда, Хајко Мас.
Истражните органи во Германија се убедени дека Анис Амри со голема веројатност е човекот, кој во понеделникот вечерта (19.12.2016) во Берлин со украден камиот влета во божикниот пазар на плоштадот Брајтшајд во центарот на Берлин. Притоа загинаа 12 лица а уште 53 се повредени, дел од нив и натаму се во животна опасност. Отисоци од прстите на Амри биле детектирани на камионот и на воланот на возилот.
Целата статија на Дојче Веле.




