Германската полиција по убиството на осомничениот за напад на божиќниот панаѓур во Берлин Тунижанецот Анис Амри трага по неговите помагачи и потенцијални соучесници.
Полицијата соопшти дека ги идентификувала сите жртви на терористичкиот напад, но дека се уште многу прашања остануваат отворени.
Чуварите на редот се обидуваат да расвтлат и како најбараниот човек во Европа можел да помине преку две граници од Берлин до Милано без да биде препознаен.
Меѓу жртвите се седуммина државјани на Германија, и по една жртва од Полска, Италија, Израел, Чешка и Украина, објави Сојузната криминалистичка служба во Визбаден.
Во врска со случајот Амри во Тунис се уапсени тројца осомниени, меѓу кои и еден роднината на терористот, а се наведува дека се осомничени дека се членови на терористичка ќелија.




