Голема експлозија се случи во фабриката експлозиви во источниот дел на Кина во која загинаа пет луѓе, а 20 се исчезнати, пренесуваат државните медиуми.
Фабриката управувана од страна на БГ (Баоли група) годишно произведува 10.000 тони индустриски експлозив, јавува АП.
Вкупно 34 луѓе биле внатре во фабриката во времето на експлозијата, но досега се најдени само 14 од нив, вклучувајќи ги и оние кои починале, јави Ксинхуа.