Руското Министерство за одбрана соопшти дека според најновите податоци во авионот ТУ 154 кој утрово се урна во Црното море кусо по полетувањето од Сочи за Сирија имало 93 патници и екипаж и дека никој не преживеал.
Портпаролот на ова Министерството генералмајор Игор Конашенков соопшти денеска дека таму се упатени 4 брода, пет хеликоптери и донови, а досега се пронајдени се 4 тела. Покрај едно од нив се пронајдени документи дека припаѓаат на новинар од Канал 1.
Спасувачките екипи го лоцирале авионот на околу 1,5 километар од копното на длабочина од 50 до 70 метри.
Авионот исчезнал од радарот во 5.40 часот по московско време набрзо по полетувањето од Сочи.
Меѓу 84-цата патници имало руски војници, а 65 биле членови на Ансамблот Александров, официјалната музичка група на армијата, меѓународно позната како Хорот на Црвената армија, кои требало да учествуваат во новогодишната прослава во базата. Во авионот беа и осум членови на екипажот, соопшти Министерството за одбрана.
Авионот бил на рутински лет до руската база Хмеимим близу сирискиот град Латакија, соопшти руското Министерство за одбрана. Досега во потрагата се пронајдени четири тела.
Од Кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин велат дека постојано стигнуваат информации за трагедијата но дека е прерано да се даде оценка за што се работи.





