Во Русиjа денеска е ден на жалост по повод трагедијата што се случи вчера кога авион на руското Министерство за одбрана ТУ 154 се урна во Црното море во близина на Сочи при што загинаа 92 патници и членови на екипажот.
Одлуката вчера ја донесе рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот претседател изрази сочувство до семејствата на загинатите и му наложи на премиерот Дмитриј Медведев да биде на чело на државната комисија која ќе го истражува падот на авионот.
Медведев изјави дека Русија детално ќе ги истражи сите околности за падот на авионот во кој загинаа сите патници и членовите на екипажот.
-Оваа страшна трагедија ги зеде животите на луѓе кои беа енергични и има планови. Меѓу настраданите има новинари, војници и музичари на познатиоа Ансамбл Александров. Тие одеа за Сирија во мировна мисија на добра волја, изјави Медведев, пренесува агенцијуата Тасс.
Премиерот на Русија наведе дека сите погодени од оваа трагедија ќе добијат неопходна помош и упати сочувство до семејствата.
Спасувачките екипи ги лоцираа остатоците од авионот на околу 1,5 километар од копното, на длабочина од 50 до 70 метри. Авионот исчезнал од радарот во 5.40 часот по московско време, кусо по полетувањето од Сочи.
Руското Министерство за одбрана објави дека на листата на патници имало и 65 членови на познатиот воен хор на руските вооруќени сили познат како Хор на Црвената армија, кои тргнале кон базата Хмеим каде требало да учествуваат на прославата на Нова година, како и извршната директорка на хуманитарниот фонд „Чесна помош“, Јелисавета Глинка.
Портпаролот на Министерството за сообраќај за агенцијата Тас изјави дека главните верзии за причините за падот на авионот не вкулучуваат терористички напад, туку дека се разгледува дали до несреќата дошло поради технички проблеми или грешка на пилотот.
Министерот за вонредни ситуации Владимир Пучков денеска изјави дека не е пронајдена црната кутија ниту каков било аудио запис од авионот.




