Published: Monday, December 26, 2016 11:49
Околу 3.000 луѓе денеска се евакуирани од местото каде се наоѓаат три железнички станици во Москва – Казанска, Јарославска и Ленинградска, поради анонимен повик дека е поставена бомба.
– По телефонскиот повик дека на железничките стници дека е поставена бомба, евакуирани се по околу 1.000 луѓе од Казанска и ленинградска, додека од Јарославка 750 патници, наведува неименуван извор од руските безбедносни служби.
Според него, наскоро се очекува да пристигнат специјалци да ја пребараат областа, пренесува Спутник.




