Published: Monday, December 26, 2016 12:26
Турските власти минатата недела привеле 1.682 луѓе на испитување поради сомнение дека се поврзани со екстремистички организации, а уапсиле уште 516 лица, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Турција.
Најголем број од приведените – 1096 и од уапсените – 426, се лица кои се осомничени за поврзаност со муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во САД, а кого Анкара го обвинува дека го организирал неуспешниот обид за пуч во јули, објавува Ројтерс.
Вкупно 508 лица се приведени за поврзаност со курдските екстремисти, додека 78 се уапсени, се вели во соопштението.
Исто така турските власти привеле 78 лица за поврзаност со Исламската држава, а 12 се уапсени, истакнуваат од турското Министерство.




