Руската федерална служба соопшти денеска дека истрагата за причините за падот на патничкиот авион ТУ 154 оди во четири насоки, но дека нема докази дека еден од нив е терористички напад или саботажа.
-Четирите главни верзии се дека авионот бил погоден од некое тело, неквалитетно гориво кое предизвикало губење на притисок и на крај прекин во работата на моторот, грешка на пилотот и техничка неисправност на авионот, се вели во соопштението.
Во овој момент како што се наведува, не постојат докази ни траги кои би можеле да укажат на можноста за терористички напад или саботажа во самиот авион, пренесува Тасс.
Исто така Службата наведува дека се идентификувани очевидци на падот на авионот, а постои и видео снимка која во моментов се анализира.
Меѓу настрадатите се 64 членови на прочуениот ансамбл Александров, попознат како Хорот на Црвената армија и деветмина новинари.
Во Русија денеска е прогласен ден на жалост.




