Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Распеани Скопјани: Не се согласуваме со лудилото на СK 2014

0
By on May 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 20, 2013 14:00


Хорот Распеани Скопјани ќе настапи на фестивалот ”Вси в ен глас” (All as one), кој ќе се одржи на 6 и 7 јуни во Љубљана во центарот за култура ” Шпански борци”. Се работи за фестивал на самоорганизирани хорови од поранешните југословенски простори.

Освен Распеани Скопјани, на фестивалот ќе учествуваат: Лезбор (Хрватска), Хоркестар (Србија), Проба ин Светоназори (Словенија) и женскиот хор Комбинат кој е и домаќин на фестивалот. ”Вси в ен глас”, кој се одржува по втор пат. Првото издание беше пред две години во Белград.

По повод гостувањето на Распеани Скопјани, во интервјуто за словенечкиот фестивал, прв пат јавно раскажуваат за искуството да се биде дел од Распеани Скопјани, за тоа дека ги сметаат за антидржавен елемент, дека никогаш нема да се согласат со лудилото на Скопје 2014
www.vsivenglas.si

Порака:

Во Скопје, Македонија се случува нешто за кои самите ние немаме изговор, извинување, ниту пак некакво објаснување. Се вика Скопје 2014 и не е само архитектонски зафат. Во Скопје се разбудени многу лоши духови, поларизиран е етерот и разнишани темелите на кои почива една социјална држава. Всушност, има многу објаснувања, а за некои од нив пееме. Сакаме и нашата страна од приказната да биде присутна, сакаме да покажеме дека овде има и такви кои не се согласуваат со ова лудило. Ние сакаме да раскажеме дека се гордееме на Скопје како град на солидарноста и ги паметиме сите кои придонеке скопјани да го живеат тој идеал. Молкот не е злато и затоа пееме!
Како го составувате репертоарот?
Секоја песна е предлог на некој од хорот, а предлогот содржи и други детаљи како – причина да се пее, локација, пораки кои сакаме да ги испратиме – било што за контекстот на артикулирање политичка мисла преку хорски перформанс. Дискусијата и носењето одлука некогаш трае со недели, а некогаш само неколку мејла. Најчесто по предлог на некој од членовите. Хорот повеќе постои преку бескрајните преписки, дискусии и средби отколку преку пеењето. Хорот и неговиот репертоар се само една форма во која функционираат членовите. Репертоарот на Распеани Скопјани претставува перформативен коментар на секојдневието во Скопје, Македонија и светот.

Каде и за кого најчесто пеете?

Пееме на улица, за се што сметаме дека е доволно релевантно или барем смешно да искоментираме. Пееме за себе, за оние кои не сакаат да слушаат кога зборуваме, пееме за Марко Кабранов.

Како реагират публиката и јавноста на вас?

Луѓето го сакаат пеењето, перформансот, хуморот, тагата, а пеењето во група е дополнително шармантно само по себе. Делувањето преку аматерски самоорганизиран хор има некое само-еманципирачко својство, те прави да се чувствуваш како да си земал/а назад нешто насилно одземено, нешто што ти припаѓа. За нас делува како да сме земале некое посебно парче слобода, па сакаме да веруваме дека поради истото ги добиваме иљадниците позитивни коментари и пораки.
Нашата работа и некои од нашите перформанси досега биле и предмет на социјални истражувања, уметнички колаборации и теоретско-дискурзивни коментари од страна на истакнати имиња од критичката теорија.

Дали сте доживеале некакви непријатни искуства поради вашиот ангажман од страна на вашите противници или од власта?)

Па не се само рефлектори и автограми 🙂 Ретко, но се случува дофрлување на улица, непримерни коментари под видеата на youtube, а еднаш потпретседателот на владата на македонија го нарече нашиот хор „анти-државен елемент“ и „дел од словенското сценарио на опозицијата да ја отфрли оваа власт“ 🙂

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.