Published: Tuesday, December 27, 2016 16:08
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска го именуваше Томас Босерт за советник за национална безбендост и за прашања врзани за борбата против тероризмот.
Босерт беше дел и од администрацијата на Џорџ Буш помладиот како советник за национална безбендост, објави Ројтерс.
Во моментов работи во секторот за контрола на ризик во една консултантска фирма која соработува со невладината организација Атлантски совет.




