Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска одби да го даде мандатот за состав на новата влада на кандидатката на победничката Социјалистичка партија, Севил Шаидех, која би станала прва жена и муслиманка на чело на романската влада.
Тој изјави дека „внимателно ги одмерил“ аргументите за и против нејзиното именување и решил 52-годишната Шаидех да не ја именува за мандатарка на новата влада.
Јоханис побара од Социјалдемократската партија да предложи некој друг.
Романскиот претседател не кажа зошто не сака да ја именува Шаидех, која во јавноста е критикувана поради недостигот од политичко искуство.
Шаидех, припадничка на татарската малцинска заедница не е многу позната во јавноста, а по професија е економист и кратко беше министерка за регионален развој во 2015 година, и главно се занимава со политика на локално ниво.
Претседателот на социјалдемократите Ливиу Драгнеа не може да ја извршува премиерската функција, бидејќи годинава беше осуден за изборна измама.




