Published: Wednesday, December 28, 2016 11:31
Кина планира да ја освои вселената во наредните 10 години преку својата брзорастечка програма.
Тие планираат слетување на темниот дел од месечината до 2018 и слетување на планетата Марс пред да заврши наредната декада.
Националната аеронаутска агенција во вторникот одржа прес-конференција на која објави план за целите на кинеската влада да го истражат длабокиот вселенски простор.
Според тоа, Пекинг планира кон крајот на 2020 година да го истражува Марс, а исто така во план е и истражување на Јупитер.
– Нашата цел е до 2030 Кина да биде помеѓу најголемите вселенски сили, изјави Ву Јанхуа, заменик-шеф на Аеронаутската кинеска агенција.




