И втората црна кутија од авионот Ту-154 е пронајдена и извадена утринава, соопшти руската војска.
Експертите се надеваат дека тие ќе помогнат да се открие причината за несреќата во која во неделата загинаа 92 патници и членови на екипажот
Досега се пронајдени 15 тела и над 200 остатоци од жртвите. Речиси сите се префрлени во Москва за идентификација.
Првата црна кутија беше најдена вчера наутро во „задоволувачка состојба“.
Експертите кои работат на расветлување на несреќата претходно кажаа дека грешка на пилотот и технички дефект се најверојатните причини за уривањето на авионот.
Меѓу патниците беа деветмина новинари и 64 членови на ансамблот на руската војска Александров, кои требаше за новогодишните празници да настапат за руските војници во Сирија.
Во меѓувреме приземјени авиони од овој тип се додека не се открие причината за падот.




