Published: Wednesday, December 28, 2016 14:47
Во Франција во одвоени акции на полицијата уапсени се три лица, од кои едно е осомничено за планирање напад на новогодишната ноќ, јави денеска Ројтерс повикувајќи се на полициски извори.
Во местото Кињо, западно од Тулуз уапсен е маж кој и е познат на полицијата и за кого има сомнение дека планирал да изврши напад на 31 декември.
Уште две лица се уапсени, од кои едното планирало напад на полицијата, се уапсени во Тулуз.
По неодамнешниот напад во Берлин, кога беа убиени 12 лица, во Франција Британија и Германија кои досега беа цел на напади на екстремистите од исламската држава, зајакната е безбедноста на местата кои ги посетуваат туристи.




