Синдикатот на пилотите го прекина штрајкот, по договорот со Управата на Кроација Ерлајнс. Но стјуардесите продолжуваат со штрајкот што значи и натаму ќе има нарушувањата на редот на летање.
По седум дена штрајкот на пилотите е прекинат по договор со управата на домашните превозници.
“Управата потпиша договор со Синдикатот на пилотите за престанок на штрајкот, преговорите продолжуваат се до потпишување на колективен договор што е можно побрзо”, изјави за медиумите Ксенија Жлоф задолжена за односи со јавноста од Кроација Ерлајнс.
Денеска се откажани летови 27, а за 15 се изнајмени авиони од други авиокомпании.