Американскиот државен секретар Џон Кери го предизвика израелскиот премиер на жестоки реакции откако во својот говор предупреди дека иднината на две држави како решение на конфликтот на Блискиот исток е во опасност.
Кери изјави дека Соединетите држави не можат да молчат во момент кога насилствотото и изградбата на израелски населби го поткопуваат мирот на Блсикиот Исток.
Кери го осуди и палестинското насислтво, наведувајќи дека само во оваа година се случиле стотици терористички напади.
Тој застана и во одбрана на американската одлука да не стави вето врз резолуцијата на Обединетите нации со која се бара запирање на градењето израелски населби на палестинските територии.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа го критикуваше американскиот државен секретар Џон Кери, наведувајќи дека тој ја „нападнал единствената демократија на Блискиот исток“.
Нетанјаху во телевизиското обраќање, еден час по прошталниот говор на Кери во Стејт департментот, го изрази своето длабоко разочарување од Кери за говорот кој, како што рече, „беше речиси неизбалансиран како и антиизраелската резолуција што мина во ОН во минатата недела“.
„На изралците не им требаат лекции за важноста на мирот од странски лидери. Израелската рака е подадена во мир до соседите од почетокот, уште од првиот ден. Ние се молиме за мир и работиме на тоа секој ден од тогаш“.
Нетанјаху реше дека Израел останува посветен на решавањето на разликите со палестинците преку директни преговори.
Аналитичарите оценуваат дека израелците очекуваат да имаат поповолен третман од новата администрација на Доналд Трамп.
Тој пак, преку Твитер во средата, меѓу другото, порача:
„Не можеме да продолжиме Израел да биде третиран со таков презир и непочитување. Тие беа голем пријател на САД, но не повеќе. Остани силен Израел. 20 јанаури брзо доаѓа“.
Извор: РСЕ




