Бразилската полиција се сомнева дека пронајденото тело во изгорен автомобил во Рио де Жанеиро не на грчкиот амбасадоор кој пред три дена беше пријавен за исчезнат, соопштуваат од полицијата.
Амасадорот на Грција во Бразил, Киријакос Амиридис (59), последен пат беше виден во понеделникот навечер оваа недела како го напушта домот на пријателите на неговата сопруга (по потекло од Бразил) во едено предградие во Рио. Соопругата го пријавила за исчезнат во средата навечер.
Телевизијата „Глобо“ покажа фотографии од изгорен бел автомобил во Нова Игуаку, населбата во којашто Амиридис исчезна. Табличките на автомобилот се исти со оние од изнајмениот автомобил на Амиридис.
Службеник во грчката амбасада во Бразилиа не потврдува дали амбасадорот е исчезнат, туку само дека тој заминал на одмор во Рио и се очекувало да се врати во главниот град на 9 јануари.
Полицискиот портпарол Еваристо Понтес претходно рече дека тие не веруваат дека амбасадорот бил киднапиран.
„Следевме различни траги, но не и ваква. Ако имаше киднапирање, сторителите веќе ќе оствареа контакт“, вели Понтес за бразилскиот весник „Фолха де Сао Паоло“.
Амиридис претходн служеше како грчки генерален конзул во Рио од 2001 од 2004 година. Од 2012 до 2016 беше амбасадор на Грција во Либија, а на амбасадорското место во Бразил доаѓа на почетокот на 2016 година.
Ниту бразилското ниту грчкото Министерство за надворешни работи не го коментираат случајот.




