Во нов бран на напади загинаа 95 лица денеска во Ирак и тоа и во шиитските и во сунитските делови од земјата, известуваат официјални лица за „Асошиејтед Пресс“ со што вкупниот број на загинати во текот на изминатите 7 дена достигна над 240. Со тоа овој бран се претвори во најупорните на меѓусекташко насилство, кое земјата го нема видено со години.
Крвопролевањето се уште не е на нивото од 2006-07 година, кога воорушените сунитски и шиитски милиции спроведуваа одмаднички напади едни врз други во циклус на насилство, кој земјата ја покри со крв. Сепак, денешните напади, од кои некои беа на пазари и на автобуски станици во текот на утрнските мешаници, ги засилија стравовите дека земјата се враќа кон граѓанска војна.
Меѓусекташките тензии се зголемија откако ирачките малцински сунити почнааа да протестираат поради нечовечкиот третман од шиитската влада. Масовните демонстрации, кои започнаа во декември, воглавно беа мирни, но бројот на напади значително се зголеми откако беше нападнат протестен сунитски камп во северен Ирак на 23 април.
Најмасовно насилство денеска се случи во Багдад, каде што 10 автомобили бомби експлодираа на пазари и во други делови на шиитски соседства, убивајќи барем 48 лица и ранувајќи над 150 лица, вели полицијата. Во најкрвавиот напад, паркиран автомобил бомба експлодира во преполниот пазар во северната шиитска наслеба Шааб, убивајќи 14 и ранувајќи 24 лица.