Со 114 гласа „за“ мандатите на новите пратеници се верификувани.
Влатко Ѓорчев, претседател на Верификационата комисија, по седницата на комисијата соопшти дека нема основ за оспорување на мандатите и предложи Собранието да ги верифицира мандатите на сите пратеници.
По верификацијата на мандатите, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ја прекина седницата. Се уште нема датум кога ќе се бираат претседател и потпретседатели на Собранието, како и кога ќе се гласа за новата влада.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.