Реј Манзарек, клавијатуристот и основач на рок бендот Дорс (The Doors) од 60-те години, почина на возраст од 74 години, јавува Би-Би-Си.
Тој го основаше бендот со пејачот Џим Морисон во 1965 година, по една средба во Венеција Бич, Лос Анџелес.
Манзарек, кој страдаше од рак на жолчниот канал многу години, почина во клиника во Розенхајм, Германија, во последните часови од животот опкружен од својата сопруга и браќата.