Епл (Apple) е обвинет дека е “меѓу најголемите даночни избегнувачи во Америка” од страна на комитетот на Сенатот, јавува Би-Би-Си.
Комитетот изјави дека Епл користел “комплексна мрежа на офшор лица” за да избегне плаќање на милијарди долари во САД даноци на приход.
Директорот на Епл, Тим Кук ќе оди пред панелот во вторникот. Во подготвеното сведоштво на Епл се вели дека не користат даночни трикови.
Комитетот рече дека нема индикации дека нешто било направено нелегално.
Епл има залихи на кеш 145 милијарди долари , но комисијата вели дека 102 милијарди долари се офшор.
Компанијата вели дека е еден од најголемите даночни обврзници во САД- имаат платени 6 милијарди долари во федералниот данок на добивка во фискалната 2012 година.