Првото бебе во Скопје во 2017 година е родено рано утрово во 04:15 часот во ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Машкото бебе е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. На 25 годишната Нуредини Рамадан Хикмет ова и е прво дете.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за здравство, Нокола Тодоров ги посетија мајката и детето и им посакаа здравје и среќа. Трајановски на семејството им ја честита Новата година и им подари штедна книшка со 20.000 денари и други подароци.