Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пијани и повредени во текот на новогодишната ноќ во Скопје

0
By Нова ТВ on January 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 1, 2017 14:16

Во текот на новогодишната ноќ во Скопје укажана е лекарска помош на 28 алкохолизирани лица, еден пациент кој бил предозиран со дроги, а третирани се и лица со повреди од петарди и сообраќајни незгоди. Регистрирани се и четири смртни случаи во домашни услови на лица од 40 и над 60 години.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска се примени 28 пациенти од кои девет биле малолетници, а најмладиот е на возраст од 14 години. Сите се третирани до утринските часови и потоа пуштени на домашно лекување.

Според докторката од Клиниката за токсикологија д-р Жанина Перевска, добро е што пациентите под 14 години годинава ги имало помалку.

– Забавата да биде забава, расположението да се подигнува на секаков можен друг начин, а алкохолот да биде можеби само мал додаток за оние кои консумираат храна и кои се повозрасни и кои знаат какви се последиците од целата ваква состојба, апелира Перевска.

Од 28 пациенти примени на Токсикологија, осум биле од женски пол, а останатите се мажи.

Директорката на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Јасмина Чабуковска информира дека во текот на изминатото дежурство им била укажана лекарска помош на вкупно 65 пациенти од кои 22 во текот на ноќните часови.

На оваа Клиника хоспитализирани се пет пациенти и имало три оперативни интервенции како воспаление на слепото црево и тие не се врзани со новогодишните празници. Од останатите пациенти, 25 се трауматолошки пациенти кои се јавиле на преглед. Кај седум од нив се работи за скршеници на подлактица и на лакт, една повреда е од петарда и кај овој пациент раката е третирана и тој е пуштен на домашно лекување. Укажана е лекарска помош и на повредени во четири сообраќајни несреќи. Повредените имале полесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Амбулантски се третирани и пациенти кои здобиле повреди во две тепачки.

– Во однос на изминатата година, веќе имаме намалување на фрекфенцијата и бројот на пациенти, особено на тешко повредените. Најверојатно пациентите ги слушаат препораките од лекарите за начинот на однесување и за третман во однос на новогодишната ноќ, оцени Чабуковска.

Во текот на изминатите 24 часа на Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се прегледани 93 пациенти од кои голем број се пуштени на домашно лекување.

Шест пациенти се здобиле со полесни повреди во собраќајни незгоди и се пуштени на домашно лекување, а двајца се здобиле со повреди при физички напад. Исто и тие се пуштени на домашно лекување. Двајца пациенти се здобиле со повреди од петарди и тие се пуштени на домашно лекување.

– Од тие 93 пациенти, хоспитализирани се вкупно седум пациенти. Еден е хоспитализиран на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија заради ампутација на првиот и третиот прст како повреда од петарда, двајца се хоспитализирани на Клиниката за трауматологија, главно причина е пад или несреќен случај и еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за интензивно лекување и реанимација како политраума поради пад од скеле. Сите пациенти се згрижени и се надвор од животна опасност, изјави доцент д-р Христијан Костов од Клиниката за трауматологија.

Додаде дека пациентот кој се здобил со повреда од петарди имал 33 години и кај него морало да се изврши ампутација.

Директорката на Здравствениот дом Скопје, Татјана Баевска – Вучковиќ истакна дека Службата за итна медицинска помош изминатите 24 часа интервенирала кај 168 лица од Скопје и од околните населени места.

– Во текот на вечерните часови имаше вкупно 81 интервенција од кои 27 итни од прв степен. Од нив, 15 кај алкохолизирани лица и тоа девет интервенции на јавни места и шест во домашни услови. Имало две малолетни машки деца од кои едниот бил транспортиран на Клиниката за токсикологија, а кај другиот е интервенирано на местото на повикот, рече Баевска – Вучковиќ.

Од останатите интервенции, Баевска – Вучковиќ издвои дека имало две сообраќајни несреќи од кои едната во центарот на Скопје, а другата кон автопатот на Петровец. Лицата со полесни повреди се транспортирани во Ургентниот хируршки центар „Св.Наум Охридски“.

Во текот на вечерта се регистирани и четири смртни случаи во домашни услови и тоа две жени на возраст од 40 до 60 години и две машки лица на возраст над 60 години.

– Согласно статистичките податоци можеме да кажеме дека новогодишната вечер и во текот на денот помина релативно мирно. Граѓаните, сепак, ги почитуваат препораките кои ги даваме и се надеваме дека и во наредните празнични денови ќе продолжиме на овој начин, изјави Баевска – Вучковиќ.

 

Нова година пијани повредени Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.