Случајот Ана Политковска, убиената руска новинарка, повторно се враќа во судот.
Портпаролот на рускиот истражен комитет Владимир Маркин напомена дека четворица од Чеченија, Лом-Али Гаитукајев и неговиот внук, Џабраил Махмуд и поранешниот полицаец Сергеј Каџикурбанов беа обвинети за убиството на новинарката и за нелегално поседување на оружје.
Тројца од нив беа ослободени од обвинението за убиство дури во 2009 година, но судскиот процес ќе се повтори. Уште еден поранешен полицаец, Дмитриј Павлученко, кој се согласи да соработува со истражителите, беше осуден на 11 години во декември.
Политковска беше убиена пред нејзиниот стан во Москва во 2006. Таа беше позната по истражувањата за кршење на човековите права во Чеченија и остра критичарка на политиката на Кремљ.