Најдобрите архитекти од светот можат да се пофалат со плодна година во 2016. Трансформираа објекти од ресторани во згради, од запуштени објекти во креативни, повеќе наменски. Вратија и некој од веќе заборавените материјали со кои се градеше во минатото.
Во продолжение дел од импресивните градби:
Стивен Хол, Универзитетот за визуелни уметности во Ајова
Овој визуелен арт комплекс е тродимензионален. Светлината влегува во центарот на објектот преку неколку вертикални вратила.
Едукативниот центар на Рој и Дијана Вагелос во Њујорк
Во овој комплекс на 14 ката се содржат предавални и лаборатории како и читални. Творец на ова импресивно дело е Дилер Скофидио + Ренфро.
Куќата на пристаништето во Антверп, Белгија
Архитектите од Заха Хадид трансформирале запуштена пожарникарска зграда во нови седишта за раководството на пристаништето на Антверп.
Судот на САД во Лос Анџелес
Лоциран е во центарот на Лос Анџелес во форма на коцка со фасада која го намалува загревањето.
Хамбуршката Елбфилхармонија во Хамбург, Германија
Овој објект е изработуван во рок од 10 години за да личи на гигантски шатор. Се работи за концертна салата. Во овој објект се вклучени камерни соби, ресторанти, плоштад, апартмани па дури и хотел.
Во продолжение целата галерија од одбраните објекти на Wired.