Под наслов „Улица Македонија“ вечерва ќе биде отворена првата самостојна изложба на македонската уметница Христина Стојчевска, добитничка на наградата „Борко Лазески“ за 2012 година.
Поставката е изложена во Музејот на град Скопје, а ќе биде отворена во 20 часот при што ќе бидат поставени три дела во големи димензии кои го формираат проектот на Стојчевска.
Во договор со семејството на Борко Лазески, музејот прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од ФЛУ од Скопје, кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел.