Published: Monday, January 2, 2017 11:01
Најмалку 18 луѓе загинаа а 39 се ранети во областа Садр сити во Багдад, по експлозија на автомобил-бомба.
Никој нема преземено одговорност за нападот, но Ројтерс наведува дека ваквиот тип на терористички дела се вообичаени за ИСИС.
Оваа експлозија доаѓа само два дена откако во саботата, во експлозија на три бомби загинаа 29 луѓе.




