Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, официјално даде заклетва на свечената седница на парламентот во Цетиње. Со тоа и официјално го започна својот трет мандат.
Откако ја даде заклетвата на свечената седница на Собранието, Вујановиќ рече дека новиот претседателски мандат ќе го посвети на општото добро на Црна Гора, како и за надминување на поделбите во државата.
„Безброј пати порачав, апелирав, и молев – да бидеме заедно, така сме најблиски. Можеме да се разликуваме во многу работи. Тоа е политиката. Конечно и демократијата. Но не можеме да се разликуваме околу доброто на Црна Гора. Тоа добро треба да не обедини “, рече Вујановиќ.
Инаугурацијата на Вујановиќ беше обележана и од протестниот марш на граѓаните незадоволни од монеталната состојба во Црна Гора. Тие денот на инаугурацијата на старо-новиот претседател ја видоа како шанса да го искажат своето незадоволство