Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните преку онлајн петиција бараат чист воздух од Владата

0
By Нова ТВ on January 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 3, 2017 12:07

Движењето „За чист воздух“ преку онлајн петиција бара владата да ги открие деталите и причините за загаденоста на воздухот во Скопје. Во петицијата се вели дека состојбата со нечистиот воздух во нашата држава, од ден на ден станува сѐ поалармантна, а партиите си тераат политички кампањи и се борат за власт, додека граѓаните тивко умираат.

Во текстот на петицијата која досега ја потпишале 3.041 лица пишува дека петицијата е одговор на игнорантскиот став кон воздухот кој го дишат граѓаните на Македонија.

„Вашите приоритети не треба да бидат политичките кампањи и начинот на кој треба да дојдете на власт. Ако нѐ нема нас граѓаните ја губите и поддршката во сите сфери од Вашето функционирање“, наведено е во петицијата.

Од движењето велат дека секој ден сме сведоци на сѐ поголем број болни деца од респираторни болести, а смртните случаи не се исклучок. Но властите како да имаат поголеми приоритети од тоа да им обезбедат здрав живот на своите сограѓани и на нивните деца.

„Постојаноста на сериозното загадување на воздухот и отворените јавни повици да се преземе нешто не вроди со плод. Затоа ние граѓаните, ние кои си го сакаме животот и сакаме да дишеме чист воздух, ја создадовме оваа петиција како последна шанса за нас и за нашите деца, со цел да ја извојуваме институционалната битка за почист воздух, да создадеме поквалитетен живот и да ја намалиме смртноста од аерозагадувањето. Апелираме до Владата, да се откријат деталите за причините за загадувањето, со констатација дека Министерството за животна средина и просторно планирање се уште нема излезено со веродостојни податоци околу причинителите на аерозагадувањето. Без овие информации ветувањата од страна на властите дека проблемот ќе биде решен најверојатно нема да ја доживеат својата реализација. Ве молиме преземете ги потребните мерки додека не е доцна. Секоја минута е важна“, пишува во петицијата.

За живот се работи Загадување Министерство за животна средина петиција чист воздух
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.