Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција го објави идентитетот на напаѓачот, тој негира дека е убиецот

0
By Нова ТВ on January 3, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 3, 2017 18:05

Киргистанецот Јахие Машрапов, чија фотографија ја објавија светските медиуми со тврдење дека тој е убиецот на 39 лица во Истанбул за време на новогодишната ноќ, денеска е приведен во Киргистан по враќањето од Турција и негира било каква вмешаност во тој терористички напад.

Како пто пренесува киргистанската агенција АКИ прес, Машпаров трвди дека во Турција престојувал службено, а влера стигнал на аеродромот „Манас“ во киргистанскиот главен град Бишкек.

Тој вели и дека во Истанбул полицијата го испитувала еден час во врска со нападот, но го пуштиле да ја напушти земјата.

АКИ прес наведува дека, откако турските корисници на Твитер поставиле слика од неговиот пасош на интернет, припадниците на киргистанскиот Комитет за национална безбедност го пронашле Машрапов штом стигнал дома во областа Кара-Суу на југот на земјата.

https://www.youtube.com/watch?v=cQO6Bgem_-I

Тој е одведен на испитување, но негирал било каква вмешаност во теротисчкиот напад во Истанбул.

Тој во интервју за агенцијата Турмуш, изјави дека во Истанбул отпатувал на 1 јануари.

„Завршил работи поврзани со фирмата која ја имав таму. Дојдов сам на аеродромот во Истанбул и штом се качив во авион, турските полицајци ме извлекоа од авионот и ме однесоа на испитување“, рече Машрапов.

„Тие ми објаснија дека ме испитуваат затоа што по малку личам на осомничениот од фотографијата. Ми се извинија и ме пуштија да се качам во авионот“, додава тој.

Вели дека не знае кој е осомничен за нападот во Истанбул, ниту знае како сликата од неговиот пасош стасале на друштвените мрежи.

АКИ прес наведува дека Машрапов на 28 декември одлетал од Киргистан за Истанбул и се вратил на 30 декември, а потоа на 31 декември бил во својата родна земја и на 1 јануари повторно заминал на патување во Истанбул, од каде денес се вратил во Бишкек.

Светските медиуми денеска објавија дека Машрапоов, роден на 2 август 1988 година во Киргистан, е напаѓачот во ноќниот клуб Реина кој уби 39 луѓе. Објавена е и слика од првата страна на неговиот киргистански пасош.

Истанбул Реина терористички напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.