НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грипот изненади годинава, а снегот?

0
By Менче Атанасова Точи on January 4, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Надлежните неспремни го дочекаа грипот годинава.  Ги изненади.  Како и со снегот, вообичаено. Само што со снегот не видоа некој бизнис , но со грипот очигледно, да. Но, за тоа подоцна. Еве што се случува.

Сезона на грип е, а во најголемиот пик на вирусот државата не набавила од единствениот антивирусен лек Тамифлу. За овој лек досега не убедуваа дека е спасоносен ако се прими во првите  48 часа од заболувањето,  дека ги намалува симптомите на грипот, како и деновите поминати на боледување.

На Инфективната клиника нема игла каде да се фрли од пациенти. Дежурните тимови деновиве имаат полни раце работа. Клиниката за детски болести е исто така полна.  Но, лекот Тамифлу го нема. Лекарите на  инфективна клиника го препишуваат на амбулантските случаи, а самите велат дека го немаат,или можеби си чуваат скромна резерва за болнички случаи. Не знам.

Досега праксата беше лекот да го дава Инфективна клиника  или некоја од  Поликлиниките. Но, лекот го нема никаде: На клиниките, во болниците, во поликлинките, кај матичните лекари, во аптеките.  Наводно, го има само во една аптека за која никој не кажува каде е, туку „ ако треба ќе ти нарачаат“. Така велат во некои аптеки. Лекот Тамифлу чини над 1000 денари, а пациентите си го плаќаат приватно без разлика  што имаат рецепт. А, инфектолозите го пишуваат во извештаите.  Зошто го прават тоа? Зошто се форсира лекот ако го нема? И како смеат да препишат сериозен лек што не може да се земе на рецепт?  Кој ќе понесе одговорност од можни несакани ефекти? Но, да лекарите научија да го даваат лекот и не е нивна грижа што надлежните не го набавиле.

Се сеќавате, тоа е истиот оној лек кој државите масовно го купуваа кога се појави птичјиот грип во светот. Се чекаше ред за нарачки во компанијата која го произведува. Искрено, не знам дали и колку е ефикасен. Не сум компетента да го кажам тоа. Но, знам дека вирусот мутира. И оди сега погоди му го лекот! Сеедно! Ако веќе лекарите и надлежните велат дека Тамифлу е спасоносен лек, зошто Министерството не го набави годинава? Се заборавија, занесени со изборите? Или не знаеја која фирма да ја одберат за да го набави? Немаа време за таков потфат, грипот ги изненади.

Изминатите години лекот се набавуваше со централизирана набавка преку Министерството за здравство, а пациентите можеа да го земат од поликлиниките, од кај матичните доктори и тоа без пари со задолжителен лекарски рецепт.  Сега, кога грипот доби во интензитет, Министерството остана неподготвено. Од таму им кажале на директорите сами да се снаоѓаат, да го набават лекот како знаат и умеат. И кој, како се снашол. На детска клиника набавиле мала количина, во другите клиники и болници го нема. Епилогот е тој што го гледаме.

Во 2009 та година на предлог на тогашниот премиер Никола Груевски во сред лето, во август кога нема грип, (некаде во светот имаше птичји грип) Владата одлучи да се порачаат нови 150 000 кутии од лекот Тамифлу, покрај првичните 50 000 дози. Колку набавија на крајот, колку од нив фрлија во Дрисла откога им помина рокот, само тие си знаат. Знам дека се даваа на пациентите масовно како бонбони и каде што треба и каде што не треба. На крај најголем дел од лековите завршија во буниште со поминат рок.

Исто се случи и во 2013 година. По која цена ги набавиле, колку  го оштетиле буџетот на државата, колку заработила фирмата од непланските набавки, тоа треба да го кажат надлежните. Министерството за здравство тогаш беше како машина за пропаганда. Постојано кажува колку е неопходен лекот, дека треба задолжително да го земаат заболените од грип. Дополнително, тензија се создаваше со секојдневно известување за смртни случи од компликации од грип. Граѓаните беа во паника, а некој добро си го наплати тоа. Како и со вакцините против птичји грип, впрочем, кои исто така откога им помина рокот(беа огромните количини кои немаше каде да се потрошат)завршија во буниште.

И еве сега сме повторно во период кога грипот добива во интензитет, а лекарите нема како да се справат со тоа. Министерството за здравство никаде го нема. Не набавило ниту кутија од лекот. Машината за пропаганда стивна. Грипот ги изненади годинава. А, снегот?

грип масовно Тамифлу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.