Лестер верува дека најде замена за Нголо Канте. Нов член на англискиот шампион е Вилфред Ндиди. Станува збор за 20 годишен репрезентативец на Нигерија кој на стадионот „Кинг Пауер“ пристигна од белгиски Генк и потпиша договор на пет ипол години.
Од Ндиди се очекува да ја пополни празнината на средина на теренот, поточно, во делот на последните играчи за врска што летоска ја остави францускиот репрезентативец Нголо Канте со трансферот во Челзи.
Со него, тимот на Клаудио Раниери лани беше сензационален победник во Премиерлигата, а без него во оваа сезона „лисиците“ се 14. на табелата. Неговото значење за екипата може да се илустрира и преку Челзи. „Сините“ минатата сезона ја завршија на 10 место, оваа, пак, со Канте има пет бода повеќе и меч помалку од второпласираниот Ливерпул.