Папата Францис извршил егзорцизам и „го протерал ѓаволот од едно опседнато момче“, објави италијанската телевизија „ТВ 2000″, по што Ватикан ги демантираше ваквите информации.
„Папата немаше намера да изврши егзорцизам, туку само се помоли за една заболена личност“, изјави портпаролот на папата, Федерико Ломбарди.
Телевизијата „ТВ 2000“ која емитува програма со религиозна тематика, претходно прикажа видео снимка на која прикажан папата на плоштадот Свети Петар, како на кратко ги положува двете раце на главата на момчето за време на прославата на верскиот празник Духови.
„Егзорцистите кои ја видоа сцената немаат сомнеж дека станува збор за молитва за ослободување од демонот и за вистински и реален егзорцизам“, објави телевизијата. Освен тоа, беше објавено и дека папата Јован Павле Втори имал извршено егзорцизам во два наврати во 1982 и во 2000 година.
Егзорцизам претставува древен ритуал за истерување на лошите духови од некои луѓе или пак места, постои во неколку религии меѓу кои и римокатоличката.