Сирил Деспре е нов лидер меѓу автомобилистите по четвтрата етапа на „Рели Дакар 2017“. Французинот на Пежо стигна прв на целта во Тупиза, гратче на надморска височина од 3.000 метри на југот на Боливија, и го презеде водството во генералниот пласман. За петкратниот шампион од 2005, 2007, од 2010, 2012 и 2013 година ова е прва етапна победа на годинашното издание до која стигна пред Финецот Мика Хирвонен и Нани Рома од Шпанија. Деспре има повеќе од четири минути подобро време од сонародникот Стефан Петерхансел и повеќе од пет од Хирвонен.
Четвртата етапа донесе и откажувања на фаворити во две конкуренција. Тоби Прајс, бранител на титулата кај мотоциклистите, беше принуден да се повлече поради скршеница на левата нога за време 521 километар долгата рута на Андите. Настапот не го заврши и Насер ал Атијах чија Тојота остана без тркало на делницата.
Триумф во четвртиот натпреварувачки ден кај мотоциклистите однесе Матијас Вокнер на КТМ пред лидерот во конкуренцијата, Шпанецот Хоан Бареда Борт на Хонда.
Денеска се вози петтата етапа на „Рели Дакар 2017“ од Тупиза до Оруро во должина од 692 километра.