„Изгласан е прекин на штрајкот со гаранција дека ќе нема откази“, дознава index.hr од свои извори во Croatia Airlines. Според достапните информации – прифатено е платата да се намалува за 9 проценти, со исклучок на плаќање на пониски бодови. Се укинуваат и некои паушали. Сосема е сигурно дека нема да бидат отпуштени 42 работници кои беа по д закана за отказ после случајот со боледувањата.
„Ова е доказ дека борба на синдикатот се исплаќа и дека постои начин да се спротивставиме на неолибералните размислувања во Хрватска“, потврдил за Index Томислав Киш, генерален секретар на новиот синдикат.
Вчера пилотите постигнале договор со Упратава на домашните авиокомпании. „Управата потпиша договор со Синдикатот на пилотите за престанок на штрајкот, продолжување на преговорите и потпишување на колективен договор што е можно поскоро“, потврдија од Croatia Airlines.