Американскиот претседател Барак Обама вети итна помош за жртвите од големото торнадо кое го погоди предградието Мур во Оклахома.
Обама во обраќање до нацијата предмалку најави дека ќе ги стави на располагање сите владини ресурси за да се помогне во спасувањето на луѓето и во повторната изградба на нивните домови.
„Граѓаните на Мур треба да знаат дека нивната држава ќе остане до нив, на земјата, се додека им е потребна помош“, порача Обама.
Властите соопштија дека најмалку 24 лица загинале, иако претходно бројот на загинати беше многу поголем над 90 шртви. Засега се знае дека меѓу жртвите има и деца кои биле на училиште за време на несреќата.
Спасувачите мораат рачно да ги отстрануваат шутот и урнатините и не можат да користат моторизирана опрема од страв дека би можеле да повредат некој од евентуално преживеаните.
Уништувањето е толку драматично што ниту локалните служби не можат повеќе да ги пронајдат улиците и куќите кои претходно постоеле.
Последното торнадо во областа Мур беше 1999 година, однесе 36 животи.