Благодарение на одличното спуштање низ патеката на Похорје, Французинката Теса Ворли триумфира во велеслаломската трка во Светскиот куп што пред малку заврши во Марибор. Третата победа во сезоната ја прослави со вкупно време 2:16,96 минути и се потврди како најдобра скијачка во велеслалом во моментот.
Второто место го освои Италијанката Софија Гоџа со 16 стотинки заостанување, а трет резултат на крајот имаше Лара Гут од Швајцарија (+25 стотинки). Водечката во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање ја загуби предноста од првата трка и по втората мораше да се задоволи со пласман зад триото најдобри.
Тина Мазе се прости со скијањето
Женската велеслаломска трка на Похорје ја одбележа простувањето на Тина Мазе. Најдобрата словенечка скијачка за последен пат се спушти на патеката крај Марибор и беше бурно поздравена од насобраните гледачи. Во домашното славје се вклопија и Ана Древ која заврши на осмата позиција и Илка Штухец на 14.
Велеслалом (ж) – Марибор
Резултати
Теса Ворли (Францја) 2:16,96 минути
Софија Гоџа (Италија) +16 стотинки
Лара Гут (Швајцарија) +25 стотинки
Михаела Шифрин (САД) +42 стотинки
Викторија Ребенсбург (Германија) +98 стотинки, итн.
Генерален пласман во велеслалом
Теса Ворли (Франција) 500 бода
Михаела Шифрин (САД) 415
Лара Гут (Швајцарија) 310
Софија Гоџа (Италија) 265
Марта Басино (Италија) 205, итн.
Генерален пласман во Светскиот куп во алпско скијање
Михаела Шифрин (САД) 848 бода
Лара Гут (Швајцарија) 643
Теса Ворли (Франција) 563
Софија Гоџа (Италија) 547
Илка Штухец (Словенија) 513, итн.