Алпско скијање: Хиршер со петти кристален глобус во слалом

Австрискиот скијач воедно ја прослави седмата победа во дисциплината во десетте победи во оваа сезона колку што имаат Ингемар Стенмарк од сезоната 1976/77, Марк Џирардели од сезоната 1984/85 и Алберто Томба од сезоната 1994/95

Скијачки скокови: Камил Штох нов рекордер на Планица со 251,5 метри

Норвежанецот Роберт Јохансон (250 метри) беше првиот што го подобри најдоброто остварување на леталницата на Петер Превц од 2015 година. Повеќе од него, подоцна, доскокна Штефан Крафт (251 метар), за денот да заврши со најдолг скок на полскиот натпреварувач

Скијање: Слаломот во Аспен за Мирер, светскиот Куп за Хиршер

Швеѓанецот беше најбрз по двете возења во американскиот зимски центар со време 1:27,97 минути. Австриецот е севкупен победник во сезоната, Јансруд е шампион во супервелеслалом, Фил во спуст, а Пинтуро во алпска комбинација

Скијање: Завршниот спуст во сезоната за Доминик Парис

Италијанецот во Аспен оствари време од 1:33,07 минути за седми триумф во најбрзата скијачка дисциплина, вкупно осми во Светскиот куп. Неговиот сонародник Петер Фил го освои второто место, трет беше Јанка од Швајцарија

Борење: Иран забрани учество на американски тим на Светскиот куп

Одлуката на Владата во Техеран следува по наредбата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрана за издавање на визи за државјани од седум муслимански држави меѓу кои се и Иранците