Спасувачките екипи извлекле стотина преживеани од под урнатините на куќите, училиштата и болниците по ударот на торнадото, кое на моменти достигнувало брзина од 320 километри на час, кое го опустоши градот Мур, јужното предградие на Оклахома Сити.
Спасувачката акција траеше цела ноќ, а според нив нема веќе преживеани.
Во силното торнадо загинаа најмалку 24 луѓе, а повредени се 240.
Џери Лојк од Кризниот штаб изјави дека кучињата трагачи ќе продолжат со истрага на теренот, а екипите ќе бидата насочени кон расчистување на урнатините.