Published: Sunday, January 8, 2017 17:59
Идниот шеф на кабинет на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп Ренс Прибус изјави денеска дека Трамп го примил заклучокот на разузнавачките агенции за вмешаност на Русија во сајбер нападите, со цел да се влијае врз претседателските избори во САД, додавајќи дека можно е да биде одговорна за хакирање, пренесува Ројтерс.
Како што се наведува, тоа е огромна промена и прво признание на некој член на тимот на Трамп дека Москва е вмешана во хакирање и дополнително објавување на мејлови на Демократската партија за време на кампањата за претседателските избори во 2016.




