Published: Sunday, January 8, 2017 18:19
Бившиот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани почина попладнево на 82 годишна возраст.
Веста за смртта е објавена кусо откако беше објавено дека бил пренесен во болница поради срцев удар.
Иранската државна телевизија Прес Тв објави дека Рафсанџани починал и покрај напорите на лекарите да го спасат. Засега нема други детали.




