Published: Monday, January 9, 2017 09:50
Израелската полиција соопшти денеска дека уапсила девет лица за поврзаност со вчерашниот напад со камион кој влета меѓу пешаци и уби четворица, соопшти АП.
Меѓу нив се и членови на семејството на Палестинецот кој го изврши нападот.
Портпаролот на полицијата Лума Самри изјави дека се работи за петмина родини и дека сите се од место во близина на Ерусалим.
Како што се наведува, полицијата со бетонски блокови ги преградила сите влезови и ги контролира сите возила кои влегуваат во градот.
Советот за безбедност на ОН денеска најостро го осуди терористичкиот напад во Ерусалим, и изрази сочувство до владата и народот на Израел.




