Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерил Стрип за Трамп: Кога моќните вршат злоупотреба, сите губиме

1
By Нова ТВ on January 9, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 9, 2017 11:13

Минатата ноќ се одржа 74.издание на Златен Глобус, еден од најпрестижните филмски настани, но она што ја разбрани јавноста е говорот на жената која најмногу пати била номинирана за Оскар, и го освоила три пати – Мерил Стрип.

Стрип на синоќешната манифестација беше почестена за нејзиното значително делување, а таа пак го искористи широкиот аудиториум да го критикува новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Во својот говор, Стрип ја критикуваше реториката на Трамп за време на кампањата како и тоа што во една прилика Трамп се исмеваше на новинар со попреченост.

– Еден настап годинава ме запрепасти. Ги закопа сидрата во моето срце. Не бидејќи беше многу убав, впрочем ништо убаво немаше во него но беше ефективен настап и си ја заврши работата. Тоа беше моментот кога личноста која бараше да седне на најпочитуваната фотелја во нашата земја, имитираше репортер со попреченост, личност која ја одминал и во привилегиите, во моќта и во капацитетот да се одбрани, рече Стрип во нејзиниот говор.

Се работи за настапот на Доналд Трамп во ноември 2015 година кога го имитираше новинарот на Њујорк Тајмс, Серџ Ковалески. Трамп отсекогаш негирал дека го направил тоа.

Но Мерил Стрип не застана овде. Таа во својот говор се осврна и дека културата на Америка е да ги прифати странците.

– Холивуд е полн со аутсајдери и странци и ако ги избркаме нема да имаме ништо освен фудбал и ММА (мешовити боречки вештини), кои не се уметност, порача таа, дополнувајќи дека не можела да прифати што во реалниот живот некој бил толку понижен од моќна личност.

– Кога моќните ќе ја злоупотребат својата положба, сите ние губиме, порача Стрип, чии говор наиде на огромен аплауз.

Таа ги повика медиумите постојано да го следат Доналд Трамп, да известуваат и да го повикаат на одговорност по секој негов испад.

Актерката која во јавноста важи за една од најпочитуваните актерки на својата генерација повика на поддршка за Комитетот за заштита на новинарите бидејќи како што вели „тие ќе ни требаат за да се движиме напред и за дознавање за вистината“.

И веднаш по нејзиниот говор се огласи новоизбраниот претседател.

– Никогаш не сум се потсмевал никому. Луѓето велат тоа било мојата идеја, како да Мерил Стрип и останатите можат да ми ги читаат мислите. Не направив такво нешто, порача Трамп, според кој Мерил Стрип е само огромна љубителка на Хилари Клинтон и затоа го критикувала.

Доналд Трамп Златен Глобус Мерил Стрип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.